Македонски

|

English

Прва македонска крафт пивара - Темов!

За фамилијата:

Фамилија Темов, група на пивски ентузијасти кои се предводени од едноставна пивска филозофија „Ние не правиме пиво за масата на луѓе. Напротив, ние правиме пиво за одбраните пивски заљубеници и оние кои ја разбираат пивската култура и уметност. Мал дел на бунтовници кои уживаат во вистинскиот вкус на пивото и не се плашат да ги турнат границите на модерниот комерцијлизам. На кратко, ние правиме пиво за луѓето налик нас.

Нашата едноставна филозофија:

Ние сме пионери во една нова македонска пивска и ера век и не се плашиме да ги преминеме веќе поставените граници. Тоа е она што и нашето пиво претставува.

Нашето пиво:

Ние веруваме во Германскиот закон за чистота на пиво „Reinheitsgebot“, затоа и пивото „Темов“ се прави според тоа правило. Тоа значи дека нашето пиво се создава од четрите основни пивски состојки: јачмен, хмељ, квасец и вода. Пивото „Темов“ е природно пиво кое се прави од природни состоjки, без додатни шеќери, бои, ароми, конзерванси и хемикалиии.“

Нашата приказна:

Ова е фамилијарен бизнис и како и секој друг има многу обврски и одговорности. Ние веруваме дека за еден бизнис да биде успешен, задачите и одговорностите мора да се делат. Затоа веруваме дека тимската работа е многу битна. Ние го започнавме бизнисот со ресторанот „Пивница Стар Град“ во 2009 година со идејата дека еден ден ќе започнеме со производство на пиво. Ние напорно работевме како тим и како фамилија за да го создадеме овој бизнис, и покрај сите пречки, и денес можеме да кажеме дека сонот ни се оствари.“

Пивото е посветеност.

Александар, Пивски Мајстор

Пивски Локации:

Пивница Стар Град

Стара Чаршија

+389 76 462 374

/stargradskopje

Колектив

Плоштад Македонија

+389 76 462 374

/kolektivbar

Паб Комедија

Центар

+389 00 000 000

/pubkomedija

Винотека Темов

Стара Чаршија

+389 75 355 101

/TemovVinoteka

Градска Плажа - Парк

Кејот на р. Вардар

+389 76 462 374

/Plaza

Ветар и Магла

Зајчев Рид

+389 00 000 000

/

Буши

Стара Чаршија

+389 02 312 5130

/bushiresort